ЗАВРШИ „ОДБОЈКАРСКАТА УЧИЛИШНА ЛИГА 2018“ ЗА ОСНОВНИ УЧИЛИШТА

УСПЕШНО ОРГАНИЗИРАНА „ОДБОЈКАРСКАТА УЧИЛИШНА ЛИГА 2018“

 

Во организација на Општинскиот училишен спортски сојуз, а под покровителство на Општина Радовиш и Градоначалникот Герасим Конзулов во текот на месец мај за прв пат беше организирана „Општинската училишна лига во Одбојка„ за ученици од основните училишта.

Во оваа лига учествуваа сите основни училишта, а како најуспешни се издвоија ООУ „Никола Карев“, ООУ „Крсте П. Мисирков“ и ООУ “Коста Рацин“ од Подареш.

Во оваа „Училишна одбојкарска лига 2018“ кој и да беше прв немаше да биде незаслужено од овие три училишта бидејки конечниот пласман беше идентичен во сите организирани и одиграни натпревари за трите екипи, затоа мораше со ждребка да се одлучува за првопласираниот.

  1. ООУ „Никола Карев“
  2. ООУ „Крсте П. Мисирков“
  3. ООУ „Коста Рацин“

Имено истите училишта на државното првенство и на државната училишна лига ги освоија првите две места.

Честитки до учениците и менторите за овие успеси и успешната организација.

Погледнете повеќе

Повеќе информации