ПЛАЧКОВИЦА РЕМИЗИРАШЕ, ДЕТОНИТ ПОРАЗЕН ВО ВЕЛЕС

ОДИГРАНИ НАТПРЕВАРИТЕ ВО ВТОРАТА ЛИГА

Двонеделната  пауза поради настапите на аматерската репрезентација на Македонија на Регионалниот Куп од УЕФА, кој се одигра во Северна Ирска, за екипите од второлигашката фудбалска конкуренција заврши денес со одиграното 10-то коло.

ФК Детонит на денешното гостување во Велес кај лидерот на табелата ФК Борец претрпе пораз со резултат 4-0, полувреме 2-0. Стрелци на головите за домаќинот беа: Колевски 12′, 90`, Ѓорѓиевски 40′, Николовски 86′.

ФК БОРЕЦ – ФК ДЕТОНИТ 4-0 (2-0)

ФК Детонит во сабота на Градскиот стадион во Радовиш ја пречекува екипата на Кожуф од Гевгелија.

 


Во денешниот натпревар од 10-то коло во Втората фудбалска лига (Исток) ФК Плачковица ремизираше со ФК Кит-Го од Пехчево.

Овој натпревар ќе биде забележан со голем број на жолти картони, и два црвени картони кој ги додели судијата.

Грубата игра на гостинските играчи доведе до исклучување на нивен играч уште на почетокот на натпреварот, но нашите фудбалери не ја искористија предноста да реализираат и покрај голем број на шанси кои ги имаа.

ФК Плачковица ја имаше иницијативата во текот на целиот натпревар но сепак ја немаа таа последна реализација и постигнување на толку посакуваниот гол. Поради втор жолт картон во 90 минута беше исклучен и Дрги Коцев, но неговото исклучување не влијааше на натпреварот бидеји после неколку секунди судијата отсивири крај.

Следната сабота во 11-то коло нашите фудбалери гостуваат во Кавадарци на ФК Тиквеш.

ФК ПЛАЧКОВИЦА – ФК КИТ-ГО 0-0


Втора фудбалска лига (Исток)

Резултати  10-то коло

Брегалница-Вардар Неготино 3:1

Плачковица-Кит Го 0:0

Кожуф-Тиквеш 0:2

Борец-Детонит Јуниор 4:0

Партизан Обршани-Каменица Саса 0:0

 

Табела: Борец 25 бодови, Тиквеш 21, Кит Го 19, Брегалница 19, Кожуф 16, Плачковица 11, Партизан Обршани 10, Вардар Неготино 6, Каменица Саса 6, Детонит Јуниор 4.

 

 





 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации