Вчера беше одиграно 19 коло од Втората фудбалска лига (Исток) каде што нашите второлигаши имаа тешки натпревари и гостувања кај лидерот на табелата ФК Борец, и второпласираната ФК Тиквеш.
ФК Детонит гостуваше во Велес на лидерот ФК Борец, каде што натпреварот беше одигран со повеќе младински фудбалери, во еден дуел со веќе заверениот нов прволигаш ФК Борец не можеше да направи ништо повеќе, претрпувајки пораз од 7-1.
Во сабота ФК Детонит повторно гостува и тоа во Пехчево на домашната екипа на ФК Кит-Го.
ФК Плачковица имаше исто така тешко гостување во Кавадарци кај второпласираниот ФК Тиквеш, но овде нашите фудбалери можат да жалат што не успеаа да освојат бодови, играа прекрасно во текот на целиот натпревар, но со едно невнимание на нашата одбрана во 30 минута од првото полувреме беше постигнат единствениот гол за домаќините.
https://www.facebook.com/rtkavadarci/videos/270982073777267/
Веќе овој викенд во сабота со почеток од 15.30 часот. ФК Плачковица на градскиот стадион го пречекува лидерот на табелата ФК Борец од Велес.
РЕЗУЛТАТИ – 19. КОЛО
КИТ ГО – САСА 4:0
ТИКВЕШ – ПЛАЧКОВИЦА 1:0
БОРЕЦ – ДЕТОНИТ 7:1
КОЖУФ – ПАРТИЗАН (О) 2:0
ТАБЕЛА
- БОРЕЦ 49
- ТИКВЕШ 42
- КОЖУФ 39
- БРЕГАЛНИЦА 34
- КИТ ГО 33
- ДЕТОНИТ 17
- ПЛАЧКОВИЦА 16
- ПАРТИЗАН (О) 13
- ВАРДАР (Н) 11
- САСА 10