ОДИГРАН РЕВИЈАЛЕН НАТПРЕВАР ПОМЕЃУ ПОРАНЕШНИТЕ ИГРАЧИ НА ФК ПЛАЧКОВИЦА

Вчера на градскиот стадион во Радовиш беше одигран ревијален натпревар на поранешните играчи на ФК Плачковица. 

На овој натпревар учествуваа преку 40 играчи кои ги бранеа боите на нашата ФК Плачковица, овде беа дел од  играчите од младинската екипа која имаше одлични успеси додека настапуваа во младискиот систем на натпреварување, а исто така на старите добри времиња се потсетија нашите добро познати Галич, Миндето, Свирков, Крстев, Дамјански и многу други поранешни играчи на ФК Плачковица.

Сепак и покрај непредвидливите временски услови, гледачите и присутните имаа прилика да се потсетат и погледнат дел од играта кои сеуште ја негуваат овие наши фудбалски ветерани.

Секоја чест за идејата и организаторот на овој ревијален фудбалски натпревар.

Повеќе: ФОТО ГАЛЕРИЈА

Редакција RadovisNews.mk

Погледнете повеќе

Повеќе информации