Патот Штип-Радовиш ќе остане отворен за сообраќај, бидејќи планираното минирање е одложено, информираат од АМСМ.
Претходно беше најавено дека патот од 12:40 часот ќе биде затворен во двата правци.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Според информацијата од изведувачот на работи „ШТРАБАГ АГ“ на експресниот пат Штип-Радовиш, кај м.в.„Пилав тепе“, денес нема да се изведува минирање и сообраќајот ќе се одвива непречено во двата правци без прекини и застои.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење