• Услови за користење

ФЕСТИВАЛОТ „САНОЌ СЕДАМ“ И ИЗЛОЖБАТА ОД „ЛИКОВНАТА КОЛОНИЈА“- два прекрасни настани од програмата за „Св.Спасо Радовишки“

ОДРЖАНА ЗАВРШНАТА ПРОГРАМА ОД МАНИФЕСТАЦИЈАТА „СВ.СПАСО РАДОВИШКИ“

Друштвото на ликовни уметници „Рада Длур“ имаше отварање на ликовната изложба од меѓународната ликовна колонија „Св.Георгија 2019“ на која беа изложени прекрасни слики. Овој настан се одржа пред Центарот за култура „Ацо Караманов“.

На плоштадот „Св.Спасо Радовишки“ се одржа традиционалниот фестивал на староградски песни „Саноќ седам“ на кој покрај домаќините, вокално-инструменталниот состав „Распеани Радовишани“ учествуваа ансамбли и оркестри од општините Струмица, Штип, Гевгелија, Валандово и Велес, како и вокално-инструменталната група „Еделвајс“ од Ќустендил, Бугарија.

На овие настани присуствуваа голем број на гости и наши сограѓани, а  беа во организација на Центарот за култура „Ацо Караманов“ .

 









 






 

 



 




Related Articles

Временска прогноза