Во склоп на одбележувањето на патронот на градот „Св. Спасо Радовишки“, оваа година под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанстово и општина Радовиш, во Радовиш за прв пат се организираше Манифестацијата „МЕДЕН РАДОВИШ“.
Пчеларите од Радовиш и Конче го презентираа медот пред посетителите на тридневната манифестација за патронот на градот, Свети Спасо Радовишки. Очекуваат манифестација да прерасне во традиција, на која ќе се презентираат производите од целото поднебје…
Манифестацијата започна во Петок на плоштадот „Св.Спасо Радовишки“ со поздравно обраќање на Градоначалникот Ацо Ристов кој истакна дека со гордост можеме да кажеме дека пчеларството во општина Радовиш бележи нагорен тренд. Истата продолжи со културно-уметничка програма, завршувајќи со концерт на бендот Троја.
Во Саботата, со оглед на лошите временски услови, манифестацијата генерално се одвиваше преку промоција и продажба на локалните производители.
ФОТО ГАЛЕРИЈА ОД МАНИФЕСТАЦИЈАТА „МЕДЕН РАДОВИШ“
Ова беше можност за локална промоција на пчелните производи, каде што пчеларите се надеваат дека манифестација од година во година ќе прерасне во традиција која ќе го презентира медот од целото поднебје кое нуди висока палета на пчелни производи.
На манифестацијата учество зедоа повеќе радовишки производители на мед и други пчелни прозиводи, што беше доказ дека пчеларството станува семеен бизнис со традиција и се поголем број млади луѓе се одлучуваат да влезат во оваа фела.
Програмата за одбележувањето на патрониот празник започнаа на плоштадот „Св. Спасо Радовишки“ со промоција на локалните производи од мед, која беше отворена во текот на целата манифестација и дефиле на близнаците од општината „Близнаци сме – свои сме“, па се до карневалска маска од Струмица „Пчелин рај“ и концерт на „Троја“.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови