По шести пат се одржа Поетската манифестација „Пролет на сребрените соништа“. Завршниот настан се одржа денес во ЦК „Ацо Караманов”со свеченото доделување на наградите по распишаниот конкурс.
Манифестацијата ги собира најдобрите млади поети од Македонија и регионот, кои со свои лични творби учествуваа на конкурсот „Соѕвездие од пролетни соништа”.
Вчера беше свеченото отварање на манифестацијата, а потоа беше одрржано еднодневно советување „Талентираните и надарени деца-предизвик за современото воспитание и образование“ кое беше во организација на Факултетот за Образовни Науки при УГД од Штип, Сојуз за грижа и воспитување на деца на Македонија и „Просветно дело“ Скопје.





Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови