Во манастирскиот комплекс „Св.Ѓоргија“ во Ораовица, во склоп на 4-тата Меѓународна радовишка ликовна колонија а во соработка со ОНБ „Браќа Миладиновци“ беше одржана поетска средба со поетите Љубинка Донева и актерот Доне Донев кој одбележува јубилеј 40 години од изведбата на монодрамата за нашиот поет Ацо Караманов.
На самата средба покрај ликовните уметници присуствуваше и Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов кој доби подарок–портрет, изработен од уметникот Новица Трајковски.
Исто така, подарок-слика доби и Градоначалничката на општина Тетевен Д-р Мадлена Бојаџиева во чие име, сликата ја прими заменик Градоначалникот Г-дин Тони Стоев. Поетската средба ја водеше нашиот меѓународно признат поет Борче Панов а свое претставување имаа и уметниците-поети Олга Панкина од Руската федерација и Ирина Чернавски Шантиќ од Србија.
Овие настани беа во рамките од годишната програма од одбележувањето на јубилејот „1000 ГОДИНИ РАДОВИШ“.