Во просториите на ОНБ “Браќа Миладиновци” – Радовиш, се одржа промоција на романот ,,Ѕиркачи” од македонската писателка Даниела Андоновска-Трајковска.
Промотор на романот беше Борче Панов.
Прозното дело со наслов ,,Ѕиркачи” на писателката содржи навидум обични приказни кои се фиктивни и реални истовремено, но преку кои се прави перцепција на времето и просторот во кои живееме.

