ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПОДДРШКА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Вчера во Ресторан Шампион беше одржана работилница во организација на Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип  со претставници на Советот на општина Радовиш, општинската администрација и граѓанските здруженија од Радовиш,  со цел развивање методологија за распределба на средства од општинскиот буџет за поддршка на здруженија.

 

На работилницата присуствуваше претседателот на Советот, советници од Советот на општина Радовиш, вработени во администрацијата и претставници на здруженија од Радовиш.

Работилницата беше прва во циклусот од три работилници преку кои се планира да се заокружи процесот на развивање на методологијата за потоа истата да се предложи до Советот на општината за усвојување.

Погледнете повеќе

Повеќе информации