По повод „Денот на турската настава во Македонија“ во Центарот за Култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, беше одржана свечена прослава, која беше организирана од Здружението на турците од источна Македонија и ООУ „Крсте П. Мисирков“ од Радовиш.
Не е случајно што токму ООУ„Крсте П.Мисирков“ Радовиш веќе долги години е домаќин на овие свечености, бидејќи во ова училиште веќе долги години покрај македонскиот се држи настава и на турски јазик. На свеченоста покрај многубројната публика беа присутни гости и претставници од повеќе институции од општината, државата и високи делегации и гости од Турција.
На свеченоста освен учениците од ООУ„Крсте П. Мисирков“-Радовиш, кои настапуваа со хорот на училиштето, свои настапи имаа и групи составени од ученици од подрачните училишта, а на крајот беше одржан концерт.
Настава на турски јазик во Македонија се изведува од далечната 1944 година. Со измените на законот за празници на Македонија – 21 декември е прогласен за ден на настава на турски јазик како празник за припадниците на турската заедница во Македонија. Со овој закон Турците во Македонија за прв пат слават свој национален празник.