Вчера во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш беше одржана 44 редовна работна седница на Советот на општина Радовиш.
Со оваа седница која беше со предложен ред од 14 точки, претседаваше Претседателот на Советот Коле Чаракчиев кој што им се заблагодари на Советници за досегашната соработка во изминатите години на релација Претседател на Совет – Советници, искажувајки дека од следната функција Пратеник во Собранието ќе работи за граѓаните на општина Радовиш со цел подобрување на условите за живот и нови проекти кои би се реализирале во нашата општина.
Веќе следната седница советот ќе мора да избере нов претседател на Советот, бидејки на актуелниот со верификација на мандатот Пратеник на 4 август тој ќе биде присутен во Парламентот на Република Македонија.
Советниците работеа на дневен ред кој беше предложен однапред, но овде се предложија уште шест точки каде што беа разгледани, дел усвоени, дел префрлени за наредниот совет.
На почетокот на седницата Советниците имаа можност да поставуваат советнички прашања на кој одговараше Градоначалникот Герасим Конзулов.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење