Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството продолжуваат со кампањата и инфо средбите по повод објавениот повик за мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2021-2027 (ИПАРД 3).
На инфо средбите заинтересираните корисници (физички, правни лица, задруги итн.) можеа да се информираат за постапките и условите за аплицирање со цел користење на средства од оваа мерка од програма од тековниот објавен повик. Крајниот рок за поднесување на барањата за мерка 1 од овој јавен повик е 29 март 2025 година.