Европската недела на имунизација, што секоја година традиционално се одбележува е поволен момент да размислиме за важноста на вакцинацијата, како еден од темелите на функционален јавно здравствен систем.

По повод европската недела за имунизација ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш организираше настан на Плоштадот Св. Спасо Радовишки денеска на кој беа присутни дечињата од детската градинка „Ацо Караманов„ од Радовиш

Директорот на ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш Стојанче Петров истакна дека Вакцината е основа на современото јавно здравје и не само што ги штити поединците, туку и ги зајакнува заедниците, спречува повторно појавување на болести и обезбедува поздрава иднина за сите.  

За заштита на децата и спречување епидемии, од суштинска важност е да му се обезбеди на секое дете, кое испуштило некоја предвидена вакцинација лесен пристап до истата за да може да ги прими потребните дози – истакна Петров.

 

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации