Во Радовиш денеска беше одржан состанок на локалната група на клучни чинители од проект „Зелена топлина“, на кој беше презентирана „Програмата за енергетска ефикасност“ на Општина Радовиш за периодот 2025 до 2028 година.
Исто така беше одржана презентација на „Бизнис моделот на ЕЛРАД Енерџи ДООЕЛ“ , за на крај биде одржана отворена дискусија и заклучоци од страна на присутните на овој работен состанок од проект „Зелена топлина“.
На почетокот од страна на Градоначалникот Ацо Ристов на присутните гости, беше образложен бенефитот кој ќе го има Општина Радовиш од веќе тековниот проект „Зелена топлина“ и искористувањето на енергијата од страна на институциите кои ќе бидат приклучени во овој систем.