• Услови за користење
  • Импресум

КАЛЕНДАРСКИ ОД УТРЕ ЗАПОЧНУВА ЕСЕНТА

Утре, на 22 септември, започнува есента.

Вторник на 22 септември, во 4 часот и 29 минути по средноевропско време, во Република Македонија започнува есента. Тој ден на северната хемисфера е есенска рамноденица, а на јужната пак пролетна рамноденица (таму почнува пролетта), односно денот и ноќта траат подеднакво.

Всушност поради влијанието на атмосферата и прекршувањето на сончевите зраци низ неа, на 23 септември денот ќе трае за околу 10 минути подолго (вистинска рамноденица ќе биде на 24-25 септември).

Во вторник, Сонцето ќе излезе околу 6 часот и 27 минути точно на исток, а ќе зајде околу 18 часот и 37 минути точно на запад. Оддалеченоста на Земјата од Сонцето ќе биде околу 150,1 милиони км или близу просечната вредност.

Есента ќе заврши на 22 декември во 3 минути по полноќ. Тогаш на северната полутопка почнува зимата и овој ден е познат како зимски солстициум или зимска краткоденица. Значи од вторник, постепено до 22 декември ноќта ќе се зголемува до 15 часа, а денот ќе се намали на само 9 часа. Во исто време, додека на северната хемисвера почнува есента, на јужната пак започнува пролетта и таму ноќите ќе стануваат пократки од деновите исто така до 22 декември.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

 

Related Articles

Временска прогноза