ОПШТИНА КОНЧЕ ОБЕЗБЕДИ 800 КАНТИ ЗА ОТПАД

Секое семејство во општина Конче ќе добие канта за отпадоци.

Општина Конче и ЈКП „Лаквица“ набавија канти за отпад, кантите ќе бидат доделени на секое домаќинство и ќе биде формирана екипа за организирано собирање на отпадот од домаќинствата, по овие мерки исто така ќе бидат зачестени и инспекциските контроли на терен.

И кантите и тракторот се обезбедени преку проектот ,,Унапредување на општинското владеење’ финансиран од Е.У имплементиран од УНДП. Свое учество со 473.550 денари има и општината.

Во рамките на проектот се обезбедени вкупно 800 канти за отпадоци и како што велат од Локалната самоуправа  тие ќе бидат поделени на секое домаќинство во општина Конче. Ќе се врши и организирано собирање на отпадот.



 





 




Погледнете повеќе

Повеќе информации