Црвен крст Општинска организација Радовиш заедно со волонтерскиот тим на ден вчера донираше 4000 заштитни маски, 150 средства за дезинфекција, скафандери и 80 заштитни маски KN 95, истите се донација и обезбедени од Општина Радовиш.
Овие заштитни и дезинфекциони средства беа распределени по институциите и тоа ЈЗУ „Здравен дом”, ПС Радовиш, ТППЕ Радовиш, ООУ „Крсте Петков Мисирков”, ООУ „Никола Карев”, ООУ „Орце Николов” с. Ињево, ООУ „Кирил и Методиј” с.Ораовица и ООУ „Коста Рацин” с.Подареш.
Ова е едно внимание во знак на благодарност за меѓусебната соработка во рамки на оваа наше работно секојдневие, кое периодов доби предзнак ‘вонредно’. Со заеднички сили и колективна одговорност се надеваме дека ќе го пребродиме и овој предизвик – истакнуваат од Општина Радовиш и ОО Црвен Крст.



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови