ОРГАНИЗАЦИЈА, УПРАВУВАЊЕ И РАКОВОДЕЊЕ СО ОБРАЗОВАНИЕТО НА ТУРСКИ НАСТАВЕН ЈАЗИК- издаден научен труд од Елвин Хасан

Нашиот сограѓанин поранешниот министер, доктор по педагогија Елвин Хасан издаде научен труд насловен “Организација, управување и раководење со образованието на турски наставен јазик во Македонија” посветен на неговиот татко, пензиониран просветен работник.

Елвин Хасан е инспириран од долгогодишните заложби на неговиот татко Хамди Хасан кој 42 години работел како наставник, но бил и голем активист и иницијатор за образование на турски наставен јазик во својот град Радовиш.
Научниот труд “Организација, управување и раководење со образованието на турски наставен јазик во Македонија” е добра основа за понатамошни истражувања и ќе остане извор кој ќе биде од корист за сите кои би сакале да добијат повеќе информации за оваа проблематика. 
Станува збор за труд кој е напишан на турски јазик, во кој опширно се образложени состојбите, проблемите со кои се соочува образованието на турски наставен јазик и начините како истите да бидат надминати.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 


 


 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации