ОРИГАНО

Ориганото е медитеранска билка која важи за една од најлековитите билки на светот.

Ориганото е многу ценето поради неговото масло, кое се добива од диви видови оригано преку посебен процес на дестилација, за да се сочуваат сите негови својства.
Обичното оригано или планинскиот чај, односно Origanum vulgare е вид на оригано кој потекнува од Европа (нејзиниот медитерански дел) и од јужна и средна Азија. Тоа е повеќегодишно растение кое расте 20 до 80 cm во височина, со наспрамни листови долги од 1 до 4 cm. Цветовите се розеви, долги 3-4 mm и се издигнуваат од исправени боцки. Името на овој вид доаѓа од грчкиот збор origanon – ὀρίγανον со значење планина.
Семето од обичното оригано е познато и како Аџвајн на урду.

Подвидовите на Origanum vulgare се важни хранливи растенија. Тие најчесто се користат во грчката и италијанско-американската кујна. Листовите се користат во готвењето, а исушената билка како зачин.

Обичното оригано често се користи во доматните сосови. Заедно со босилекот, допринесува за исклучителниот карактер на многу италијански јадења (како пицата, на пример).

Сличните видови Origanum onites (Грција, Мала Азија) и O. heracleoticum (Италија, Балкански Полуостров, Западна Азија) имаат сличен вкус и миризба. Близок сродник на ова растение е мајораната, но нејзиниот вкус е мошне поразличен.

Постојат повеќе од 40 видови оригано, во кулинарството најчесто се користи Origanum Vulgare, но за најлековит вид се смета Origanum Minutiflorum, кое содржи и до 90% активна лековита состојка наречена карвакрол. Старите Грци го применувале маслото од оригано за лечење рани, каснувања од змии и тегоби на дишните патишта, а во Средниот век станало популарно и во Европа, каде се користело за лечење инфекции.

 

 

 



 







 






 

 



 




Погледнете повеќе

Повеќе информации