Денес во Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш беше отворена изложбата од „27-та Лесновска ликовна колонија“.
Минатата 2018 година во Лесново, Пробиштип на оваа ликовна колонија учествуваа уметниците: Ѓоко Антониев, Христина Стојчевска, Тони Чатлески, Ангел Коруновски од Македноија, Олга Панкина, Светлана Владимирова Орлова и Светлана Еланцева од Русија, Немања Јовановиќ и Јелена Тамбуриќ од Србија и Маријана Везарова од Бугарија.
Уметниците престојуваа во Лесново, а нивна инспирација беше Лесновскиот манастир, пештерските цркви, пештерите од каде што се вадел прочуениот воденичарки камен, вулканскиот кратер и прекрасната природа што го опкружува овој амбиент.
Нашите граѓани имаат можност да ги погледнат делата изработени од овие уметници во наредните денови.