УХМР информираше дека денеска минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 37 до 43 степени Целзиусови.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 43 степени.
И утре ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне 43°C.
Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер.
Прогноза за 27.07.2025

Минимална температура: 14°Cдо 24°C
Максимална температура: 30°C до 38°C
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од јужен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта од северен правец.
Прогноза за 28.07.2025

Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 29°C до 36°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, претпладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Прогноза за 29.07.2025

Минимална температура: 11°C до 21°C
Максимална температура: 27°C до 36°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, претпладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.


