На училиште сите ние учевме дека пролетта започнува на 21 март, а сега гледаме дека се објавува дека пролетта започна на 20 март. Тоа не се случило еднаш или двапати, туку секоја година.

Да, шансата да го доживеат почетокот на пролетта на 21 март ја имаат само оние кои денес се во градинка.

Земјата не се движи со постојана брзина во својата елипсовидна (овална) орбита, така што годишните времиња не се со еднаква должина. Пролетта во просек трае 92,8 дена на северната хемисфера и 89,8 дена на јужната хемисфера.

Пролетта започнува во Македонија секоја година со преминувањето на Сонцето на северната хемисфера. На тој ден Сонцето изгрева на исток и започнува рамноденицата, односно и денот и ноќта ќе траат точно 12 часа.

Пред 2100. година, пролетта ќе започнува на 20 март, па дури и на 19 март. Зошто е тоа така? Виновен е календарот кој го користиме, а според кој секоја четврта година е престапна. Но, исто така, Грегоријанскиот календар вели дека секоја последна година од векот не е престапна освен ако не е деллива со бројот 400. Тоа значи дека 1800 и 1900 не биле престапни, но 2000 беше.

Таквото правило е воведено заради долгорочното усогласување на календарот со небеската механика. Поради тоа додадовме уште еден „непланиран ден вишок“, што последично предизвика пролетта од 21 да се пресели на 20 март. Ова поместување на пролетта за еден ден порано ќе биде актуелно до 2100 година.

Значи, доколку ве прашаат кога започнува пролетта, можете да одговорите на широко или во „училишниот тест“ едноставно да заокружите 20 март. Тоа е точен одговор за следните 80 години.

 

 


Погледнете повеќе

Повеќе информации