Циклонот ИНЕС го донесе снегот и ја врати зимата
Обилни врнежи од снег на повисоките места и Планината Плачковица како и во конечкиот крај е денешната утринска слика каде што граѓаните го видоа првиот снег оваа зима, благодарејки на циклонот Инекс.
Од општина Конче информираа дека ЈП Лакавица е на терен, и успешно се справува со првиот снег, исто така ЈП Плаваја е подготвена.
Невообичаено високите температури за овој дел кој ги имаше изминатите деново, од синоќа со значителен студен бран кој според метеоролозите ќе се задржи во текот на неделата, засилен силен ветер ке преовладува со врнеѓи од снег во Југоисточниот дел на Македонија и општините Радовиш и Конче.
Утринските врнежи на планините се со снежна покривка од 10-20 цм, додека на пониските места се помалку, и во текот на следните енови ке биде студено и суво со силен ветер, поради тоа е можно појавување на голомразица.
Во Радовиш денес температурите ќе се движат од -8 до 4 степени, додека во следните денови дневните температури ќе бидат повисоки.