ПЗ “РАДОВИШКА ПЧЕЛА„ НОВОТО ПЧЕЛАРСКО ЗДРУЖЕНИЕ ГО ОДРЖА ПРВИОТ СОСТАНОК СО ПЧЕЛАРИТЕ

Пчеларите го одржаа својот прв состанок со новоформираното пчеларско здружение ПЗ „Радовишка пчела“.

На овој состанок беа запознаени со правците и начинот на кој се предвидува да функционира оваа здружение од страна на Претседателката Снежана Панчева.

Пчеларите се здружуваат во оваа здружение за унапредување на своите дејности во областа на Пчеларството, како и организирање преку научни и стручни собири, учество во проекти, издавање и учество во едукативни изданија, обуки за членови, соработка со други организации, зачленување во други домашни и мегународни здруженија и асоцијации, стекнување на членовите со основни знаења, вештини и компетенции за примена на основните практики и техники за производство на пчелни производи на одржлив начин, активности и учење на нови методи и поновите сознанија, учество на национални и интернационалните конгреси и семинари со цел следење на новостите и новите техники, организирање предавања и обуки.

Пчеларите исто така се здружени  во Здружението заради остварување на поширок заеднички интерес. Мисијата на здружението е унапредување со активности кои се за подобрување работата во пчелрството и производство на производи од пчели.

 

Од ПЗ „Радовишка пчела“ упатија покана до сите граѓани во понеделник во центарот на Радовиш со почеток од 12.30 часот да го прослават Меѓународниот ден на пчелата „20-мај“ и да се запознаат со бенефитите и придобивките од консумирање на пчелните производи.

 

 

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации