Пионерите на РК Радовиш во недела на 22.12.2019 година ќе учествуваат на Меморијалниот турнир „Илија Ѓоргиев Манџата“ во Неготино.
Овој турнир е во организација на РК Вардар од Неготино, а покрај нашите млади ракометни надежи ќе настапат и екипите на РК Младост од Богданци, РК Бисинов од Велес, и домаќинот РК Вардар од Неготино.
РК Радовиш ќе настапи со ракометари генерација 2004 и помлади.