Зоран Заев само ја повторува истата прес конференција од лани кога исто така лажеше дека ја разбрал пораката, а продолжи да се однесува арогантно и криминално. Jа повтори и прес конференцијата од годината претходно кога истото го велеше, и повторно разочара. Зоран Заев доби и метла со која ништо не измете.
И ќе потсетам дека на овие избори арогантно ни велеа дека се најдобри, a прашањето е кога лажеа, кога го тврдеа тоа цела кампања, или сега кога по трет пат викаат дека ја разбрале пораката?
Вистината е дека Заев не кажа ништо ново освен тоа што повторно зборуваше за минатото, за некаков режим, за истите флоскули во кои никој не му верува. Сака да заборавите дека 5 години е на власт и пробува повторно да го потцени народот.
Кога зборува Заев за режим нека си погледне во сопствениот дом, во Куманово, притисоците за гласање во Прилеп, Велес, Сарај, Битола, за односот кон луѓето и нивните гласови како да се негова сопственост.
Заев ќе ти кажам дека народот, ние самите сме господари над сопствените судбини и дека никој ја нема нашата волја во џеб за да си поигрува со нејзе.
Народот е веќе обединет, но против тебе и се она што ти преставуваш во политиката. Надежта е родена, и таа ќе победи!
П.С Бидејќи гледам дека Заев има некои дилеми да одговорам, Скопје ќе работи многу подобро без централната власт на Заев затоа што ќе биде ослободено од притисоци за тендери и кражби на парите од граѓаните кои по смената ќе завршуваат за проекти и ќе бидат одлично менаџирани од Градот Скопје и новите градоначалници. А по смената на централната власт заедно со локалната, државата заеднички ќе ја внесеме во ЕУ каде и припаѓаме. На чекор од заедничката и нова иднина!
Народе на Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци мора да знаете, мојата битка е и ваша битка, а целта ни е иста. Земете учество во создавањето на новата иднина. Оваа наша генерација е таа која ќе се избори за промени, која ќе ги оствари соновите во кои сме верувале, за кои сме мечтаеле. Победата е на дофат. Победата е тука. Излезноста е клучот. Тие сакаат да наведнете глава, јас ви велам главата горе! – вели Мицкоски во своето обраќање на социјалните мрежи.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови