ПОВТОРНО ПАЛАЊЕ НА КОНТЕЊЕРИТЕ – ЈП „Плаваја“ со апел до граѓаните

Почитувани жители на Радовиш и населените места, почитувани корисници:

Во последниве денови се позачестена е појавата на палење на контејнери за отпад најверојатно поради невнимание и фрлање на жешка пепел и жар.

Со палењето и високата температура на огнот се оштетуваат контејнерите, на кои значително им се намалува оперативниот век, а со тоа и нивната основна намена собирање на отпадот и заштита на животната средина.

Фрлањето на жешка пепел и жар го запалува и собраниот отпад во контејнерите кој е од најразлична природа и потекло.

Чадот од запалениот отпад во контејнерите покрај непријатната миризба и глетка, најчесто содржи штетни материи по здравјето на луѓето, кои се распространуваат во околината на запалениот контејнер, а се вдишуваат и од самиот несовесен граѓанин и од членовите на неговото семејство, неговите деца, внучиња, роднини, пријатели и соседи.

Со палењето на контејнерите не се нанесува штета само на претпријатието, туку најголема штета е директното загадување на животната средина и амбиенталниот воздух во околината на запалениот контејнер.

Затоа пред да ја фрлите жешката пепел и жар во контејнерот размислете колкава штета предизвикувате за себе и пред се за Вашите најблиски.


АПЕЛИРАМЕ ДО СИТЕ ВАС КОИ СТЕ ГО СТОРИЛЕ ТОА И ДО СИТЕ КОИ ИМААТ НАМЕРА ДА ГО НАПРАВАТ ТОА, ДА НЕ ФРЛАТЕ ЖЕШКА ПЕПЕЛ И ЖАР ВО КОНТЕЈНЕРИТЕ.
СО ТОА ЌЕ ПРИДОНЕСЕТЕ ДА ЖИВЕЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ВО ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА И АМБИЕНТАЛЕН ВОЗДУХ.

АПЕЛИРАМЕ ИСТО ТАКА И ДО СИТЕ СОВЕСНИ ЖИТЕЛИ НА РАДОВИШ И НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА КОИ ЌЕ ЗАБЕЛЕЖАТ ЛИЦА КОИ ФРЛААТ ЖЕШКА ПЕПЕЛ, ЖАР ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН ГО ПАЛАТ ОТПАДОТ ВО КОНТЕЈНЕРИТЕ ДА ГИ ФОТОГРАФИРАТЕ И ДА НИ ГИ ИСПРАТИТЕ ВО ПОРАКА, А НИЕ ЌЕ ГИ ОБЈАВИМЕ ОВДЕ НА ОФИЦИЈАЛНАТА СТРАНИЦА И ЌЕ ГИ ПРИЈАВИМЕ ВО ОПШТИНСКАТА КОМУНАЛНА ИНСПЕКЦИЈА ЗА ШТО ЌЕ ДОБИЈАТ СООДВЕТНИ ЗАКОНСКИ ПРОПИШАНИ КАЗНИ.

БЛАГОДАРИМЕ НА СОРАБОТКАТА!

 

ЈП Плаваја

 


 



Погледнете повеќе

Повеќе информации