РК Радовиш веќе втора недела ги работи тренинзите од подготвителниот период пред почетокот на новата сезона.
Тренинзите се реализираат во повеќанаменскиот спортски терен при СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш, а екипата е комплетна со сите играчи кои ги обновија договорите и новите имиња кои се приклучија на нашиот клуб.
Од управата најавуваат неколку пријателски-контролни натпревари пред официјално да започне Супер ракометната лига.