ОД УТРЕ ПОДИГАЊЕ НА ЛЕКОВИ САМО СО РЕЦЕПТ И ЛИЧНА КАРТА/ПАСОШ

Осигурените лица од 1 октомври годинава ќе можат да ги подигнуваат лековите во аптека само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација, односно лична карта или пасош, известија од Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ).

На овој начин, се вели дека ќе се спречи создавање домашни залихи од лекови кај пациентите кои се плашат дека може да го снема нивниот лек, но и ќе се спречат злоупотреби, а воедно ќе се следи потрошувачката во реално време

„Граѓаните ќе може да добијат лек од која било аптека секој ден и во секое време без разлика дали е почеток или крај на месецот. Нема да имаат потреба да создаваат домашни залихи. Се елиминират турканиците кај лекарите и во аптеките во првите денови од месецот заради препишување рецепти, работата на лекарите ќе се поедностави. Ова подразбира и подобри услови за работа“, изјави директорот на Фондот.

Со новиот електронски систем ќе овозможи еднакви правила за работа за сите аптеки и дека на овој начин се елиминира фаворизирање на аптеките и спречување на конкуренција.

Постарите лица, децата под 18 годишна возраст и болните кои не се во состојба да подигнат лекови, не треба да стравуваат, бидејќи нивните блиски ќе можат да го подигнат лекот во нивно име – истакнаа од Фондот.

 

 




 






 

 




 





 

Погледнете повеќе

Повеќе информации