• Македонија
  • Услови за користење
  • Импресум

ПОЛИЦИСКИ ЧАС И ДЕНЕС – најава за олабавување на мерките од утре

Денес е во сила забраната за движење, што почна вчера во 11 часот и ќе трае до утре во 5 часот, а со цел спречување на ширење и справување со пандемијата на Ковид-19.

Одлуката за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните викендот и денеска, Владата ја донесе на 56-тата седница по препорака на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Граѓаните кои имаат миленичиња и денеска ќе можат да ги изнесуваат надвор од 8 до 08:30 часот, потоа попладне од 15 до 15:30 часот, како и навечер од 20 до 20:30 часот, до 100 метри оддалеченост од живеалиштето и со примена на останатите мерки за лична заштита.

 


 

Related Articles

Временска прогноза