ПОЛОВИЧЕН УСПЕХ НА НАШИТЕ СПОРТСКИ КЛУБОВИ

Спортската сабота денес во Радовиш заврши со половичен успех на нашите спортски клубови. Во двата натпревари кои се одриграа денес во Радовиш, ФК Плачковица загуби несреќно од ФК Беласица, додека РК Радовиш забележа победа против РК Струга.

На градскиот стадион во Радовиш со почеток од 15.30 часот беше одиграно соседското дерби со ФК Беласица од Струмица, и покрај доминантноста на нашиот тим, неискористените шанси за постигнување на гол, гостите успеаа во 33 минута од вториот дел да го постигнат голот кој им обезбеди три бода.

ФК Плачковица треба да жали за пропуштените и нереализирани шанси, со неколкуте судиски несватливи одлуки исто така нашиот клуб беше оштетен.

Следното коло ФК Плачковица гостува во Гевгелија на ФК Кожуф.

ФК ПЛАЧКОВИЦА – ФК БЕЛАСИЦА 0-1 (0-0)


Ракометарите на РК Радовиш, денес го одиграа натпреварот со екипата на РК Струга во Срц 25 мај во Радовиш.

Нашите ракометари во текот на целиот натпревар ја имаа иницијативата и покрај лошиот старт каде што на госите им дозволија минимално водство од 1-2 гола, сепак тие во текот на првото полувреме ја косолидираа одбраната и имаа цело време предност со што првиот дел заврши со резултат 14-12 за РК Радовиш.

Во вториот дел се продолжи со добра игра и релизација гол за гол, на крајот имајки и четири гола предност но на самиот крај РК Струга намали со два погодоци за конечните 29-27.

РК Радовиш е петти на табелата со шест бода заедно со четвртопласираниот РК Пелистеркои имаат исти бодови.

Следното коло нашиот тим го игра на гостински терен во Охрид.

 РК РАДОВИШ – РК СТРУГА 29-27 (14-12)

 






 

 




 

 





 



Погледнете повеќе

Повеќе информации