Денес по повод  завршувањето на Втората светска војна, Денот на победата над фашизмот, и денот на Европа делегации положија свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци во паркот на младите во Радовиш.

Свежо цвеќе положија делегации на Општина Радовиш предводена од Секретарот Љупче Почивалец, Советот на општина Радовиш, Пратеничката Моника Трајанова, делегација на Сојузот на борците и Здружението на пензионерите, делегација на здружението за заштита на човековите права и делегации на политичките партии и др.

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации