• Услови за користење

ПОНИСКИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА

Од вчера малопродажните цени на горивата се намалија во просек за 0,75 проценти, објави Регулаторната комисија за енергетика, која стандардно како и секој понеделник во неделата, ги објави новите цени на горивата.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вчера малопродажните цени на горивата се намалија, а согласно одлуката, малопродажната цена на Еуросупер-95 се намалува за 0.5 денари, и еден литар 95-октански бензин чини 68.00 денари.

Цените на Еуросупер-98 и Еуродизел горивата се намалија за по 1.00 денари. Еден литар 98-октански бензин чини 70.00 денари, додека еден литар дизел чини 62.00 денари.

Цените веќе важат од вчера на бензинските.

 


Related Articles

Временска прогноза