Од 20 јули беше објавен повторно конкурсот за пријавување попишувачи и инструктори и требаше да трае до 5 август, но поради летните одмори беше продолжен до 12 август.
Државниот завод за статистика ги повикуваат сите заинтересирани да се пријават на електронската апликација на следните линкови: www.stat.gov.mk и https://popis2021.stat.gov.mk
Кандидатите кои се заинтересирани можат да достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. „Даме Груев“ бр.4 во Скопје, п.фах 506, најдоцна до 16 август 2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија ќе се одржи од 5 септември до 30 септември 2021 година.
Исто така продолжува електронското самопопишување на државјаните на Македонија кои се на привремена работа или престој во странство. Досега, според податоците објавени на веб страницата на ДЗС, преку апликацијата за самопопишување се евидентирани вкупно 190.359 лица од дијаспората.
Самопопишувањето на македонските државјани во странство ќе трае до 30 септември, кога завршува Пописот на населението, домаќинствата и становите.
*фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови