ФК Плачковица денес на градскиот стадион во Радовиш го одигра првенствениот натпревар од 16 коло во Втората фудбалска лига (Исток) против екипата на ФК Кожуф од Гевгелија.
Нашите фудбалери максимално го дадоа својот учинок во овој натпревар во текот на целиот натпревар фудбалерите на Плачковица ја имаа доминација на со многу иницијативи, но сепак среќета не ги послужи и покрај голем број на шанси кои ги имаа.
Во продолжението 93 минута беше постигнат единствениот гол.
Резултатот можеше да биде подобар, да се искористеа големот број на шанси кои ги имаа фудбалерите на ФК Плачковица.
Фотогалерија: ФК ПЛАЧКОВИЦА – ФК КОЖУФ
Фудбалскиот клуб Детонит денес во 16 коло од Втората фудбалска лига, во Велес го одиграа натпреварот со штипска Брегалница.
ФК Детонит во овој натпревар одигра одлично во една рамноправна игра, и можи да жали што не успеаа да освои бодови.
Ристе Наумов , Трифуновски (2) и Велиновски беа стрелци за Брегалница, а погодоците за ФК Детонит ги постигна Бобан Здравевски.
ФК БРЕГАЛНИЦА – ФК ДЕТОНИТ 4-2 (1-0)