ПОРОЕН ДОЖД, ГРМЕЖИ И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ – прогнозираат метеоролозите за денеска

Денес ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, уште од претпладневните часови со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и услови за појава на град. И во следните денови се очекува локално процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме.

Променливо облачно, уште од претпладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има услови за локална појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и услови за појава на град. УВ=6

Утре, променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во јужните делови. УВ=7

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

Погледнете повеќе

Повеќе информации