• Македонија
  • Услови за користење
  • Импресум

ПОСКАПИ ГОРИВА ОД ВЕЧЕРВА

Цената на горивата од ноќеска на полноќ ќе биде поголема за по половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 изнесува 59,5, на Еуросупер БС-98 – 61,5, на Еуродизел (Д-Е В) – 50,5 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 50,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,895 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 26,863 денари.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза