• Услови за користење
  • Импресум

ПОСКАПУВААТ ДИЗЕЛОТ И ЕВРОСУПЕР БС-98

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ цената на еуросупер БС-95 нема да се промени, цената на еуросупер БС-98 се зголемува за половина, а цената на дизелот за еден денар.

Со тоа малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 станува 65,50 денари за литар, на бензинот еуросуперБС-98 се зголемува за половина денар на 67,50 денари за литар.

Можеби ќе ве интересира !

Цените на еуросупер (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар, и со тоа новата цена на дизелот изнесува 58 денари за литар, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство изнесува 46,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,253 денари за килограм на 28,109 денари.

Related Articles

Временска прогноза