• Услови за користење
  • Импресум

ТРИ КАНДИДАТА ЗА ПРАТЕНИЦИ ПО ПОТЕКЛО ОД РАДОВИШ НА ЛИСТАТА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА

Коалицијата предводена од СДСМ за претстојните парламентарни избори кои се закажани за 12 април, во Изборната единица 4 на листата се најдоа тројца кандидати за пратеници со потекло од Радовиш.

СДСМ со својот кандидат од Радовиш  го номинираше актуелниот Претседател на Советот на општина Радовиш, со завршен ЕТФ во Скопје – Коле Чаракчиев кој е и Претседателот на ОО СДСМ Радовиш. Чаракчиев е десети на листата.

Турската демократска партија како коалиционен партнер за овие избори е со Енвер Хусејин кој е од Радовиш, актуелен Државен секретар во Министерството за образование и наука. Хусејин се наоѓа на тринаесетото место на листата.

Третиот кандидат за пратеник од Демократскиот сојуз, Павле Трајанов кој е по потекло  село Радеш, Конче. Со образование Правен факултет, актуелен национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи во Македонија. Трајанов ја има деветтата позиција на листата.




 

Related Articles

Временска прогноза