Градоначалникот Ацо Ристов вчера потпиша договорите во Владата на Република Македонија од вториот повик од инструментот за капитални инвестиции.
Потпишани беа договорите за „Реконструкција со пренамена на Стоковната куќа во мултифункционален и културен центар со музејска поставка на Радовиш (втора фаза). и договор за „Реконструкција на културен дом „Ацо Караманов“ во Радовиш.
Со потпишување на овие договори ќе бидат комплетирани веќе започнатите проекти
Градоначалникот Ацо Ристов вчера во Владата на Република Македонија потпиша договор за доделување за трајно користење без надомест на напредни системи за прочистување на воздухот од реномираниот германски производител MANN+HUMMEL
Градоначалникот Ацо Ристов упати голема благодарност до Премиерот Христијан Мицкоски и до Владата за големата поддршка кои ја дават на Општина Радовиш.






