• Услови за користење
  • Импресум

ВЕЧЕРВА ПОЧНУВА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО

Вечерва, 24 и 25 октомври односно утрото меѓу сабота и недела стрелките на часовникот граѓаните ќе треба да ги поместат за 1 час назад.

Со тоа завршува летното сметање на времето и почнува зимското, при што со поместување на часовникот за еден час наназад времето во 3:00 часот ќе се смета како 2:00 часот.

Стрелките вечерва ќе се поместат и во земјите на Европа, каде што беше усвоена одлуката да се укине промената на времето, според која, последното поместување на стрелките ќе се случи во октомври 2021. 

Македонија го следи процесот и по усвојување на предлог-директивата претстои усогласување на националното законодавство и определување на начинот на транспонирање на директивата.

Причина за поведување на иницијативата во европските земји за укинување на промената на времето беа негативните последици по човековото здравје, земјоделството и безбедноста во сообраќајот. А спроведената анкета покажа дека 84 проценти, или 4,6 милиони Европејци не сакаат да им се поместуваат стрелките на часовникот.

Промената на времето во Западна Европа е воведена во почетокот на 1970 година со образложение дека со тоа се продолжува денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, го подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден се прави поефикасен.

Преминот од летно во зимско време првпат е забележан во 1916 година во земјите на Северна Европа, а досега е воведен во околу 70 држави, главно на северната хемисфера.

Во Македонија зимското и летното сметање на времето се воведени во 1996 година. 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови




 

 

Related Articles

Временска прогноза