• Услови за користење

ПОЧЕТОКОТ НА ПРВАТА БАЛКАНСКА ВОЈНА– 8 ОКТОМВРИ 1912 ГОДИНА

1912 година Црна Гора и објавила војна на Турција и истиот ден ги нападнала Турците кај Скадар со што почнала Првата балканска војна. По крвавите борби во кои загинале безмалку 300.000 луѓе од двете страни, Србија, Црна Гора, Грција и Бугарија во 1913 година ја отстраниле турската власт од Балканот и ги протерале Турците од Европа.

Прва балканска војна — воен конфликт помеѓу Османлиската Империја и членките на Балканскиот сојуз: Бугарија, Србија, Грција и Црна Гора. Војната започнала на 25 септември (8 октомври по нов стил) 1912 година и завршила на 17 мај (30 мај по нов стил) 1913 година со победа на сојузниците.

Сојузничката победа ставила крај на петвековната османлиската доминација на Балканскиот Полуостров и поделба на Македонија помеѓу победниците. Османлиската Империја ги изгубила своите територии на полуостровот, со исклучок на еден тесен појас на северниот брег на Мраморното Море. Останатиот дел на Тракија заедно со источна Македонија потпаднале под бугарска власт. Српската војска ги освоила Косово, северозападна Македонија и во други области, Грција – Епир, бројни острови во Егејското Море и југозападна Македонија до Солун, а веднаш по Лондонскиот мировен договор е создадена независна албанска држава, меѓутоа барањето на Албанците за обединување на сите територии каде што живеле во една политичка целина останало неостварено.

Антагонизмот и претензиите над Македонија помеѓу балканските држави довеле до раскинување на Балканскиот сојуз и започнување на Втората балканска војна. Според Карнегиевата анкета, причини за започнување на Првата балканска војна биле: военото и политичкото ослабување на Османлиската Империја, угнетувањето на христијаните, неуспешната борба на Македонската револуционерна организација, противречностите помеѓу големите сили и стремежот на балканските држави за завладување на нови територии.


… Во името на законот на природата, во името на историјата, во име на здравиот разум, ве преколнуваме, браќа, да го прифатите следното известување: Mакедонија е населена со хомоген словенски народ кои има своја историја, свој начин на живот, кои во минатото имал своја држава, свои идеи, и според кои тој има право сам да одлучува. Македонија треба да биде независна држава внатре во своите етнички, географски и културно-историски граници, со влада одговорна пред народно собрание. Македонската држава треба да биде посебна и рамноправна единица внатре во Балканскиот сојуз со заедничка царинска граница. Во црковните прашања во Македонија е неопходно повторно да се воспостави старата автокефална Охридска црква која потоа би воспоставила канонски односи со другите православни цркви… Браќа сојузници – ослободители! Се надеваме дека нашите зборови ќе најдат пат до вашето срце и душа, и дека ќе го следите примерот на великодушната Русија и во интерес на сопствената историја, неодложно ќе го подржите создавањето на македонската држава со што ќе биде сочуваан мирот и складот помеѓу себе. Ова решение потекнува од големата словенско-хеленска идеја за Балкански сојуз, а во интрес е и на светската култура и правда.

— Димитрија ЧуповскиMеморандум на група македонски интелектуалци

 


Related Articles

Временска прогноза