По повод годишнината од постоењето на Фудбалската школа Азури и денот на ослободувањето на Радовиш , беше организиран шестоноемвриски турнир.
Од Аззури истакнуваат дека главна цел е преку активности позитивно да влиајаат на психофизичкиот развој на детето, да го поттикнат натпреварувачкиот дух и желбата за успех. Да се вметне спортот во секојдневието, а социјалните мрежи да ги замениме со спортски активности.
“Нашата школа за една година постоење постигна значителни резултати во натпреварувањата со екипите од соседните градови. Броиме околу 160 редовни членови. Активно продолжуваме понатаму со уште поголеми желби за уште поголеми успеси. Веке официјално прераснавме во фудбалски клуб и член на фудбалската федерација на Република Македонија. Тоа значи дека во иднина нашиот клуб ке се натпреварува и во детската лига на ниво на Македонија .
Нашиот план е овој турнир да прерасне во традиционален и да се одржува секоја наредна година на почетокот на месец ноември – истакнуваат од АЗЗУРИ Радовиш
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови