ПИНГПОНГАРИТЕ НА РАДОВИШ, НОВИ СУПЕРЛИГАШИ

ППК Радовиш на едно коло пред крајот на првенството обезбеди пласман за влегување во Пингпонгарската Супер Лига, 

Вчера нашиот клуб ги одигра 12-то и 13-то коло од Првата Лига на Македонија во Пинг Понг со екипите на ППК ,,Пелистер” од Битола и ППК ,,Дебар Маало” од Скопје.

Во првиот натпревар нашите натпреварувачи забележаа победа од 4:0 а во втората средба забележаа победа од 4:1. Со овие две победи и официјално го завериа пласманот во Супер Лигата и најдобрите 8 клуба во државата, со што последното коло кое нашите натпреварувачи ќе го одиграат во СРЦ 25-ти Мај во Радовиш со екипата на ППК ,,Кочани” од Кочани ќе биде за престиж, кои воедно беа и најсериозен кандидат за влез во Супер Лигата но со победата од 4:0 на гости нашите натпреварувачи го направија главниот исчекор кон првото место.

Во вчерашните натпревари за нашиот клуб настапија: Милчо Чачаров, Гоце Димоски и Венко Стојанов.

 



 





 




Погледнете повеќе

Повеќе информации