• Услови за користење
  • Импресум

ДЕНЕС Е БОГОЈАВЛЕНИЕ (ВОДИЦИ)

Православните христијани денеска го празнуваат големиот празник Водици или Богојавление. На овој ден, традиционално во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода – река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот.

Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година.

Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера.

Водици или Богојавление е денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.

На овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството.

Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина.

Со овој празник завршуваат не само дванаесетте „некрстени денови“ туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и други празници.

БОГОЈАВЛЕНИЕ 2020 – ВОДИЦИ ВО РАДОВИШ

Традиционално и оваа година на 19.01.2020 год. – Недела, ќе биде одбележан верскиот празник Богојавление (Водици 2020).Локација: Комплекс Д-Клуб Радовиш

Gepostet von Комплекс ДКлуб – Радовиш am Freitag, 17. Januar 2020

19.01.2020 година (Недела)

Храм „Св. Пр. Илија“ Радовиш

07:30 час. Света Богослужба во Храмот „Св. Пр. Илија“ Радовиш

10:00 час. Лицитација за Светиот крст

10:15 час. Тргнување на литијата (поворката) од Храм „Св.Илија“ движење кон Храм „Св.Троица“ по улиците, приклучување на верниците од Храм „Св.Троица“ и заеднички движење кон базенот на комплексот Д-Клуб во Радовиш.

10:45 час. Пристигнување на базенот Шампион, осветување на водата и фрлање на Светиот господов крст во водата на базенот.

Храм „Св. Троица“ Радовиш

07:30 час. Света Богослужба во Храмот „Св. Троица“ Радовиш

10:15 час. Лицитација за Светиот крст

10:30 Приклучување на литијата (поворката) на верниците кои доаѓаат од Храм „Св.Илија“.

 


 


 

Related Articles

Временска прогноза