• Услови за користење
  • Импресум

ПРАЗНИК НА ПОЈАСОТ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Празникот Положување појас на Пресвета Богородица или Богородичин појас се празнува во спомен на денот кога Богородица прв пат се опашала. Меѓу облеката останата од Пресвета Богородица бил и нејзиниот појас, кој бил предаван од поколение на поколение меѓу верниците.

Велат дека со молитвата жените кои не можат да имаат деца ќе добијат а болните ќе се излечат.
Празникот се празнува поради чудото што се случил со овој појас на Пресвета Богородица. Тој ја излекувал царицата Зоја, сопруга на царот Лаф Филозоф, кој нашол место и во нашата традиција.

По своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во црквата на Пресвета Богородица во Влахерна, што ја изгради царицата Пулхерија. Овој ковчег никогаш не се отвараше, сè до времето на царот Лав Мудриот (886–912). Сопругата на Лав, царицата Зои, душевно се разболе, и според некое таинствено видение посака врз неа да го положат појасот на Пресвета Богородица. Царот го помоли патријархот, па го отворија ковчегот, го извадија појасот и го положија врз болната царица.

Таа веднаш оздраве. Во спомен на тоа чудо се востанови овој празник. Дел од тој појас се наоѓа во Грузија, во Зугдид. Имено, ќерката на царот Роман се исцели со помош на овој појас и подоцна, кога се омажи за царот Абухаз Грузиски, таа понесе дел од појасот со себе. На заповед од рускиот цар Александар I изградена е посебна црква во Мингрелија во Зугдид, каде се чува тој дел од чудотворната облека на Пресветата Божја Мајка.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

Related Articles

Временска прогноза