ПРОДОЛЖВААТ СРЕДБИТЕ СО ГРАЃАНИТЕ И ПРАТЕНИЧКАТА ВО СОБРАНИЕТО

Канцеларијата за комуникација со граѓани на пратеник Милевка Ѓоргиева денес, како и секој петок (кога нема закажано седница), одржува контакт – средби со граѓаните од општина Радовиш и општина Конче.

Денес во канцеларијата беа остварени близу 20-тина средби со граѓани.

Најчесто граѓаните се интересираат за инфраструктура, локални проблеми, комунални проблеми, вработувања, социјални случаеви, економија и слично.
Во Канцеларијата работи асистент од понеделник до петок од 09:00 до 14:00 часот, со што граѓаните во тој период имаат можност да дојдат и да закажат средба со пратеникот Милевка Ѓоргиева.

Секој петок е предвиден за средба со граѓани, но исклучоци има, доколку тој петок има закажано пленарна седница или комисија во Собранието на РСМ во Скопје, тогаш, за жал не може да се направи средби со граѓани, поради активности на пратеникот во Собранието во Скопје, па се одложува истата, со што закажаните граѓани се информираат навремено.

Канцеларијата за комуникација со граѓани започна со работа од 6 декември 2018 година, и досега има остварено голем број на контакт со граѓани, решен е и голем број на случаевите на граѓаните за кои дошле да разговараме, оставрени се и мобилни канцеларии со посета на населените места, каде што се врши директен контакт со граѓаните.




 





 



 



 





 

Погледнете повеќе

Повеќе информации