Еден од проектите од овогодинешниот ЦКА-ПХВ циклус, има за цел да ја доближи првата помош до младите.
На ден 30.03.2018 за ученици од девето одделение од ООУ ,,Крсте Петков Мисирков” се спроведоа 3 мотивациски работилници, на кои од страна на обучени волонтери од Клубот на млади им беше демонстрирана прва помош при најчести повреди.
Погледнете !
Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности е национална програма која се имплементира во секоја општина во Република Македонија.
Целта на програмата е да регрутира нови волонтери во редовите на Општинските организации, да ја смени дневната рутина на младите, да ја промовира интеркултурата и активниот пристап кон животот. На годишно ниво се обучуваат околу 1000 младинци кои имаат за цел да изработат проекти наменети за некоја загрозена целна група.
Во 2017 година преку ЦКА-ПХВ програмата на национално ниво беа обучени 1157 младинци кои изработија вкупно 173 мали проекти, и вложија 32 490 волонтерски часа.